СДСМ потврди дека во игра е откажување на изборите

Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ во изјава за Фокус потврдува дека одржувањето на избори на 12 април е доведено во прашање, исто како и довербата меѓу коалицоните партнери.

“Секако дека одржувањето на изборите е доведено во прашање. Со оглед на актуелните случувања во парламентот каде преку тактизирање и политички игри се избегнува гласањето на битни законски решенија, т.е. Законот за ЈО и Советот на ЈО, Изборниот законик и законот за Одбрана, во прашање е доведена довербата меѓу коалиционите партнери, како и стабилноста на актуелното парламентарно мнозинство. Таква ситуација, на неколку денови пред распуштање на Собранието, ние како одговорни политичари не смееме да си дозволиме.
Имено, граѓаните од нас, пред се, очекуваат испорачување на правда во нашата Македонија, нешто кое е условено од Законот за ЈО. Очекуваат да се изгласа и законот за Одбрана кој претставува инструмент на практичната реализација на договорот за влез во НАТО, што впрочем го изгласавме пред некој ден. Граѓаните, исто така очекуваат разрешување на актуелната министерка Мизрахи, поради Уставно прекршување. Ова се прашања околу кои не смее да има компромис, особено не со политички тактизери кои бараат начин да ги заобиколат истите”, вели Кирацовски во изјавата за Фокус.

Предходно спикерот Џафери одговори на провокацијата на генсекот на СДСМ Николовски.

СДСМ му се закани на ДУИ, Талат ја прекина седницата за Јавното обвинителство

SHARE