СДСМ: Ременски да каже кој сака нејзина политичка елиминација

Од СДСМ, матичната партија на потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, се уверени дека не мислела на сопратиец или на било кој од паралментарното мнозинство со нејзината изјава дека обвинителниот акт за случајот „Рекет2“ е насочен кон нејзина политичка елиминација.

Од партијата бараат Ременски да даде дообјаснување што точно мислела.

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Рускоска, вчера поднесе обвинителен акт за „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски, познат како „Рекет 2“ во кој Ременски е третообвинета и се товари за помагање во вршење на измама.

Ременски, вчера кажа дека обвинението против неа е апсудрно и дека станува збор за обид за нејзина политичка елиминација.




SHARE