СДСМ се повлекува од договорот кај Пендаровски, нема избори без новите услови на Заев

Премиерот во техничката влада, Оливер Спасовски потврди дека договорот постигнат на крајот на минатата Годин на лидерската средба кај претседателот Пендаровски веќе не важи.

На лидерската средба тогаш не стана збор за било какви закони како услов за одржување на избори.

Тој сега порачува дека во Собранието мора прво да се донесат сите законски решенија кои се договорени, па потоа да се распушти и да се оди на избори.

По синоќешните пораки кои си ги упатија коалициските партнери, СДСМ и ДУИ, техничкиот министер даде изјава во придружба на министерот за образование од редовите на ДУИ, Арбр Адеми.

Спасовски ја повтоти истата порака на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски кој синоќа на ДУИ им порача дека ако се опструираат законските решенија во Собрание, може да формираат ново парламентарно мнозинство.

“Очекувам дека нема да имаме дополнително неразбирливо одложување во Собранието и на седници и на дебата по однос на овие законски решенија и да дојдеме конечено до она што сме го договориле. Да се финализираат овие законски решенија и да одиме на избори. Ако дојде до тоа да се опструираат законските решенија тогаш ќе седнеме ќе разговараме. Ние ги поминавме на Владата заеднички, тие се исти законски решенија. Кога доаѓаат избори секогаш има тензии, мислат дека преку тензии ќе добијат поеќе политички поени. Лесно е да препознаете личен интрес. Се уште сум убеден дека тоа што сме го договориле, тоа ќе го реализираме”, изјави Спасовски.

Собранискиот спикер, Талат Џафери вчера ја започна и ја прекина седницата на која треба да се гласаат законите и ја закажа за денеска во 11 часот.

SHARE