СДСМ ги демантира пишувањата во медиуми дека актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде македонски амбасадор во САД.

„Тоа е шпекулација, не е точно. Заменик-претседателката Радмила Шекеринска со својата политичка улога, но и како министерка за одбрана, дава значаен придонес во развојот на земјата, реализирање на партиската програма, а особено во исполнувањето на стратешките интереси како што е членството на земјава во НАТО.

Очигледно политичките опоненти се плашат од нејзиниот ангажман, соочени со изборниот пораз на 12 април, па затоа пласираат невистини“, изјавиле од Центарот за комуникации на СДСМ за Плусинфо.

SHARE