СДСМ започнува “финална пресметка” со Мицкоски

Структури во СДСМ по неделните избори се залагаат за радикални решенија во пресметката со лидерот на опозицијата откако стана јасно дека со резултатот од 377 илјади гласови Христијан Мицкоски не може да биде сменет со помош на партиските фракции под контрола на власта.

Според извори во СДСМ кои се противат на оваа идеја планот на “јастребите” во СДСМ е против Мицкоски да биде поднесена кривична пријава за некое дело за кое подлога треба да направат новинари или невладини организации за пред странците да се прикрие кој навистина стои зад нападот врз лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Главниот аргумент на поборниците за жесток напад во владеачката партија е дека ако на Мицкоски му се даде слободен простор да се занимава на консолидирање на партијата а Македонија не добие датум за преговори во јуни, СДСМ ќе има сериозен проблем без разлика дали ќе се оди на редовни или предвремени избори кои според резултатите од недела сигурно ќе ги загуби.

Високите членови на СДСМ кои се залагаат за вакво сценарио веќе имаат најава од Антикорупциската комисија дека претставките за наводни неправилности на Мицкоски објавени на последниот ден од кампањата немаат основа и дека тие мораат да паднат.

Со затворање на овие случаи СДСМ ќе нема други основи за напад на Мицкоски и затоа се размислува за сценарио во кое Мицкоски ќе биде држен под притисок и постојано да биде пред судови и обвинителства со цел да се прикаже како човек што има проблем законот.

Заев од ова радикално крило бил убедуван дека со тоа ќе се стави равенство меѓу него како човек што бил дел од два судски случаи за криминал и Мицкоски кој досега лично немал проблеми со законот, тврдат луѓе од власта кои се противат на идејата за “финална пресметка”, со лидерот на опозоцијата.

Според нив СДСМ во ситуација која драматично паѓа поддршката во јавноста не смее да ја повтори грешката на Груевски кој во 2014 година започна слична операција за “уништување”на тогашниот лидер на опозицијата а сега премиер Зоран Заев.

SHARE

Оставете коментар