СДСМ (засега) останува СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија  засега не го менува името на партијата согласно промената на името на државата во Република Северна Македонија, но постојат неколку креативни решенија,изјави синоќа лидерот на партијата Зоран Заев.

„Договорот дава флексибилност, дури и на непрофитните, недржавните институции за активности кои што им се надвор од државата, ако се финансирани од буџетот, тогаш се употребува промена на името, или во духот на Северна Македонија. Денеска ќе ја отвориме таа дебата и ќе го искористиме конгресот.

Има убави креативни решенија, никаде нема Социјалдемократи од Норвешка, од Шведска или од Словенија или слично.

Постојат неколку видови на решенија кои што секако се можност, можеме да бидеме Социјалдемократски сојуз од каде? Од Република Северна Македонија.

Можеме да бидеме Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија – СДСМ, рече Заев.

…можеме како што кажав да си останеме комплетно Социјалдемократски сојуз на Македонија, тоа е регулирано во Договорот, но јас секако верувам дека ние треба да бидеме пример“ рече лидерот на партијата одговарајќи на новинарско прашање.. 

SHARE

Оставете Коментар