Се бара кризната состојба да трае уште 6 месеци?

Управувачкиот комитет на денешната средба донел одлука да побара прогласување на кризна состојба во наредните шест месеци, дознава Телма.

Кризна состојба беше прогласена на 20 ноември и трае до 19 демекмври, а доколку биде усвоено и ова барање кризната состојба би била продолжена со средината на јуни следната година.

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Групата за процена во ЦУК да биде побарано продолжување на кризната состојба во државата за уште шест месеци, потврдија за МИА од владината прес-служба.

Предлогот ќе биде доставен до Собранието кое треба да донесе одлука за тоа.

SHARE