Се бара стоматолог – плата 12.000 денари

Доктори кои работат за 15.000 денари плата – ова го покажува документот кој го објавија здруженијата на млади лекари.

Во општата болница во Дебар лекари работат со договри на дело без платени придонеси за здравствено и пензинско осигурување, објави ТВ24.

„Во време кога се бориме против миграцијата на лекарите, кога се бориме против сите работи кои што се негативни, а им се случуваат на младите доктори, некој да работи за 15.000 денари плата и тоа завршен доктор по медицина е навистина скандалозно и не соодвестува со сите иницијативи и изјави кои што се даваат дека се работи во насока на подобрување на статусот и стандардот на младите лекари“. – изјави д-р Божидар Кочовски – Асоцијација на млади лекари и специјализанти.

На официјалниот сајт на Агнецијата за вработување објавени се огласи огласи со кои се бараат доктори по стоматологија за основна плата од 12.000 денари.

Оглас има и за вработување на д-р по медицина – невропсихијатар за основна плата исто така од 12.000 денари, а во Битола на пример се бара доктор по општа медицина за 12,551 денар.

Статистиките покажуваат дека околу 200 лекари секоја година ја напуштаат Македонија, а како една од причините се наведуваат токму ниските плати.

Извор:ТВ 24

SHARE