Се бараат уставни објаснувања: Мицкоски и Силјановска кај Пендаровски

Христијан Мицкоски и професорката Гордана Силјановска во името на повеќе од 315.000 граѓани кои го дадоа гласот за ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За обнова на Македонија“, како и во името на другите кои не се согласуваат со ваквото кршење на Уставот во вилата на претседателот Пендаровски бараат одговори за кршењето на Уставот откако шефот на државата му го даде мандатот за премиер на Заев.

“Во 15:30 часот со пратениците дел од пратеничката група ќе дојдеме пред канцеларијата на претседателот на Водно при што бараме итна и неодложна средба на која што ќе објасни врз основа на кој доказ го убедил пратеникот Зоран Заев дека поседува мнозинство и му го доделува мандатот”, порача предходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

SHARE