По бурните реакции на јавноста, почна демонтажата на угостителскиот објект на покривот на ГТЦ

„По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Во предвид беа земени општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата “Го Сакам ГТЦ”, Град Скопје донесе одлука за демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ“, информираат од прес-службата на градот.

Согласно одлука на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, се отстрануваат sидовите од сипорекс блокови, покривот и челичната конструкција на објектот.

SHARE