Се јави Оле од Зевзекманија, прозвана дека е сопственик на гласот што личи на Катица Јанева

Се јави режисерката на Канал 5 Олгица Поцкова која беше спомената како можен извор на гласот кој во снимката со Боки 13 на Орце Камчев му вели “Не секирај за ништо, се ќе биде ОК”.

Откако новинарката Емилија Лазаревска напиша дека гласот кој вели “Се ќе биде во ред” може да е на ликот најпознат како Олето од емисијата Зевзекманија на Канал 5, Поцкова се јави на Фејсбук.

Лазаревска: Не е Катица, Оле од „Зевзекманија“ исто вака зборува

“И јас како Катица се сончам во Грчка”, напиша Поцкова одговарајќи шеговито на споредбата на нејзиниот глас со тој на Катица Јанева.