Се откажуваат од британската кралица Елизабета

Карипската држава Барбадос најави дека сака да стане република, што значи и дека ќе се откаже од британската кралица Елизабета Втора која сега е формален шеф на државата.

„Дојде време целосно да го напуштиме своето колонијално минато, рече гувернерката на Барбадос, Сандра Мејсон, обраќајќи се во име на премиерката Миа Мотли.

Поранешната британска колонија, која се стекна со независност во 1966 година, задржа формална врска со британската монархија, како и некои други држави, кои некогаш беа дел од британската империја.

Гувернерката рече дека граѓаните на Барбадос сакаат некој од тој остров да биде шеф на државата.

Затоа Барбадос ќе го направи следниот логичен чекор кон целосен суверенитет и ќе стане република до одбележувањето на 55-годишнината од независноста, следната година, рече таа.

SHARE