Се ожени Љупчо Николовски, ген-секот на СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски викендов се ожени со неговата избраничка Андријана Јакимовска. Судбоносното „да“ го кажаа во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Доскорешниот министер за земјоделство и сегашен генерален секретар на партијата, венчавката ја најави уште летоска кога избраничката ја побарал за жена на нивниот одмор во Порторож во Словенија.

SHARE