Се подготвуваат ли САД за војна со Иран!?

Висок американски претставник од Министерсатвото за одбрана му претставил план на  претседателот Доналд Трамп, кој предвидува испраќање до 120.000 војници на Блискиот Исток во случај Иран да ги загрози американските интереси во тој регион или доколку ескалира иранското производство на нуклеарно оружје, објави Њујорк Тајмс.

Цитирајќи неименувани претставници на администрацијата, „Тајмс“ пишува дека планот, според извештајот, не предвидува инвазија на Иран.

Белата куќа не одговори веднаш на барање за коментар, а и Пентагон одби да го коментира пишувањето на весникот, пишува израелски „Хаарец“.

Претходно, официјален претставник на САД соопшти дека првичната проценка на американскиот воен тим е дека ирански или ирански поддржувачи употребиле експлозиви во неделата и оштетиле четири брода закотвени на брегот на Обединетите Арапски Емирати.

SHARE