Се појавија и „Бугарски народни приказни од Македонија“

„Тоа е магична книга. Таа зборува за тајна кутија. Малкумина знаат за неа, кој ја создал и како да ја одгатнат…

Таа ја содржи самата бугарска душа. Душата која сеуште чува стара и болна празнина во себе, која постојано сакаш да ја наполнниш.

Оваа празнина може да е парче земја – местото што се одвоиле од тебе и што можеби никогаш нема да биде пак твое“.

Ова е дел од „рецензијата“ за книгата со наслов „Бугарски народни приказни од Македонија“ која, како што пренесува  News.bg, го обединува народот, фолклорот, историјата… и помага да се потсетиме, а исто така биди горди“.

„(…) и оваа книга ќе ти помогне да вратич дел од загубеното. Ќе те води низ митови, вистини и соништа за да запознаеш една подзаборавената Бугарија. Ќе леташ во синилото преку Прилеп со Силјан Штркот.. крај остатоците на Дојран. Недалеку од Велес Ѓаволот ќе се обиде да те излаже, не му верувај! Во Струмица, ќе плачеш за последната битка на Самуил… Сето ова е во македонската земја која дала живот за толку наши легенди“ .

Содржината на книгата е дополнување на зборникот, насловен „Бугарски народни приказни“ од 2017 годдина, пишува News.bg  и e  дело на бугарскиот писател и преведувач Слави Ганев.

SHARE