Се повтори 27 април и на собранието на ЗНМ, Чадиковски избран нелегитимно

Членот на верификационата комисија на Здружението на новинари на Македонија Горан Трпеновски откри дека изборот на новиот претседател Младен Чадиковски е нелегитимен затоа што за време на денешното гласање била прекршена процедурата и статутот на ЗНМ.

„Присутни на Собранието на ЗНМ 175 од 555 членови
Чадиковски-86
Наумов-77
Вкупно-163
Неважечки-6 или 7
Вкупно
86+77+7=170,или ако се 6, се 169
За да биде избран претседателот на ЗНМ треба од присутните да добие мнозинство.

Од 175 мнозинство е 88, а не 86“, напиша Трпеновски и практично објави дека поради прекршени статутарни одредби изборот на претседател на ЗНМ ќе мора да биде повторен за да биде легитимен.

Според статутот на ЗНМ, член 34 став 2, вели „Претседателот на ЗНМ се избира со мнозинство гласови од присутните на изборното собрание.“

Дополнително, Правилникот за работа на Собранието на ЗНМ вели „Доколку ниту еден кандидат не го добил потребното мнозинство, се организира втор круг на гласање, во кој се гласа за двајцата кандидати со најголем број гласови од првиот круг и за избран се смета оној што ќе освои најголем број гласови во вториот круг.“
И тука е направена повреда на постапката , затоа што, намерно или случајно, не е организиран втор круг

Предходно реакции за (не)легитимноста на изборот на Чадиковски дојде и од телевизијата Телма а вечерва и телевизијата Канал 5 ТВ најави дека утре ќе ја извести Европската Аоцијација на Новинари за направената измама и ќе ги оспори претходно споменатите постапки кои се спротивни на Статутот на ЗНМ.

За Канал 5 „Од горепосоченото, повеќе од очигледно е дека новоизбраниот Претседател на ЗНМ не е легитимен!“.

Новинари и медиуми го оспорија изборот на новиот претседател на ЗНМ

SHARE

8 Коментари

  1. А бе говеда, што беше нелегитимно во изборот на Џафери на 27-ми април? Ако беше нелегитимно, зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не побараа да се повтори гласањето со поединечно изјаснување? Кој ја оспорува легитимноста тогаш? Никој. Само вие говедата.

  2. Еве, Зоран кажа зошто, ако гласањето за Џафери било нелегитимно ( немало мнозинство гласови), пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не побарале гласање со поединечно изјаснување.

    • А од кого да побараат? Кој претседаваше со седницата? Ама добро. Ти сега падна од Марс па не знаеш како беше.

  3. Како бе Зоран кој претседаваше со седницата? Зарем не знаеш дека со сите седници на Собранието од изборите до 27-ми април претседаваше Велјаноски? Изгледа ти си паднат од Марс. Зошто ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваше да се гласа за претседател? Зошто Велјаноски не дозволи гласање за претседател на Собрание како што е по Уставот и деловникот на Собранието? Е, мој Зоран. Ти си паднат од Марс и тоа право на глава. Заборави дека месеци после изборите ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваше мирно да ја предаде власта на оние што формираа мнозинство во Собранието после изборите.

    • !?!? Абе прашањето беше едноставно кој дел не ти е јасен? КОЈ ПРЕТСЕДАВАШЕ КОГА ГО ИЗБРАА ФОРИНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО? ОД КОГО МОЖЕШЕ ВМРО ДПМНЕ ДА ПОБАРА ПРЕГЛАСУВАЊЕ? И сега кој е марсовец па уште и паднат на глава?

Comments are closed.