Билјана Зефиќ се вработила во Дирекцијата за извршување санкции иако во конкурсот објавен од Агенцијата за администрација местото било предвидено за припадник од албанската заедница, дознава Алсат М.
Алсат М телефонски ја контактирал Зефиќ на албански јазик, но таа призна дека не знае албански, но тврдела дека е Албанка – католик.
Од Агенцијата велат дека во текот на постапката немало прекршувања на постапката.
„Кандидатот успеа заслужено да ги добие потребните поени за оваа позиција. Проблемот во овој случај е тоа што дека според годишниот план за вработување и балансирање, оваа работа треба да припадне на некој од албанската зедница.
Но, кандидатката при нејзината апликација, условно кажано го злоупотребила своето уставно право за слободно да ја изрази својата етничка припадност и се декларирала како Албанка“, рече Агрон Сефери, заменик директор на АА.
Законот за јавни службеници предвидува повторување на огласот ако во првиот пат нема кандидати од бараната заедница, пишува Алсат М.