Се распушти парламентарната група на „Независни Грци“

Парламентарната група на „Независни Грци“(АНЕЛ), до неодамна помалиот коалиционен партнер на владејачката СИРИЗА на Алексис Ципрас се распушти на денешната седница во грчкиот парлемант на која треба да биде изгласан Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Каменос го исклучи Танасис Папахристопулос од парламентарна група, поради тоа што во два наврати – за Преспанскиот договор и за поддршка на владата – гласаше спротивно на ставот на партијата.

Папахистопулос, претходно најави дека ќе поднесе оставка од своето место, но не го стори тоа.

Тој сега се смета за независен.

Со исклучувањето на Папахристопулос, се распушта парламентарната група на АНЕЛ, бидејќи правилата предвидуваат дека партијата треба да има најмалку пет пратеници во парламентот.

SHARE

1 Коментар

  1. КЕ БИДЕ ИНТЕРЕСНО КОГА КЕ ГО РАСКИНЕМЕ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР ЕДЕН ДЕН, ДАЛИ КЕ ТРЕБА ДА НЕ ИЗБРКААТ ОД НАТО ИЛИ САМИ КЕ ИЗАЛЕЗЕМЕ ОД ТОЈ ЗЛОСТОРНИЧКИ КЛУБ!

Comments are closed.