Се спротивставила на партиски вработувања, министерот ја разрешил

Претседателката на Управниот одбор на Македонската филхармонија Бранка Костиќ Марковиќ е разрешена од својата функција откако се спротивставила на погрешни, незаконски и штетни одлуки на директорот на националната музичка установа и на политиките на министерот за култура.

Костиќ која е водечки новинар од областа на културата со одлично музичко образование е сменета на барање на директорот на МФ Виктор Илиески од страна на министерот за култура Асаф Адеми без да биде дадено никакво формално образложение каков прекршок направила како претседателка на Управниот одбор.

Според пишувањето на порталот јоци.мк една од главните причина за смената на Костиќ е нејзиното инсистирање во филхармонијата да се вработуваат професионалци а не партиски послушници без соодветно образование и квалитет.

Министерот Адеми предходно се прослави со забраната на филмот Ругање со Христос на Јани Бојаџи.

Пред неколку месеци претседателот на УО на МНТ Александар Поповски замина од својата позиција незадоволен од состојбите.

Целата информација на јоци.мк