Само 202 британски пратеници го поддржаа предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија.
Против предлог договорот за брегзит кој британската Влада го усогласи со Брисел, гласаа 432 пратеници со што пропадна најголемата дипломатска операција на Лондон во последниве 20 години.
И покрај повикот на Меј во пресрет на гласањето која ги повика пратениците да го поддржат историскиот договор британските пратеници, делумно и од нејзината партија гласаа против договорот.
Британските медиуми јавуваат дека лидерот на опозицијата од Лабуристичката партија, Џереми Корбин веднаш повика на гласање недоверба на Владата на премиерката Меј, што може да доведе до предвремени парламентарни избори.