Се укинува едно од главните ветувања на СДСМ – евтината струја

Евтината тарифа на струјата е пред укинување, објавува Алсат-М, од каде што неофицијално дознаваат дека во Регулаторната комисија за енергетика последниов период на големо се прават анализи дали и натаму да остане евтината струја за граѓаните.

Од Алсат побарале официјален став од регулаторот, но им било речено дека засега не темата не може да се коментира.

Евтината струја беше воведена пред две години кога Владата предводена од СДСМ го исполни едно од своите најзвучни предизборни ветувања од 2016 година.

По нецели две години граѓаните повторно ќе се вратат на старата поскапа тарифа.

Целата информација на Алсат

Дали ќе се укине евтината струја? Одлука по формирање на новата влада

SHARE