По заканата од генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, дека веќе нема да има отстапки пред бројните трикови и нови услови од својот коалиционен партнер и дека може да се формира ново парламентарно мнозинство без ДУИ со што био се одложиле и изборите, пред полноќ на Фејсбук се огласи Артан Груби:

„ДУИ целосно ги поддржува законите за јавно обвинителство, совет на јавни обвинители, за одбрана, изборниот законик со корекција на изборните единици како и Преспанскиот, Охридскиот и добрососедскиот договор.

Ние сме убедени дека законите и одлуките ќе се донесат пред распуштање на Собранието.

Предвремените избори беа консензуално договорени кај Претседателот Пендаровски и политичката непредвидливост од било која страна е несериозна и неоддржлива за нашата земја“, напиша Артан Груби од ДУИ.

SHARE