Се знае што ќе скандираат Македонците додека се апси Зоран Заев

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада (ММДЧП) со нова порака до премиерот Заев.

Бил Николов најавува дека додека Заев биде апсен за предавство сите Македонци без разлика од каде се ќе го скандираат единственото вистинско име на земјата а никој да не очекува да се скандира новото насила наметнато име.

“Јас пораснав скандирајки Македонија! на македонските протести пред независноста на Република Македонија. Ние сме од сите делови на поделена Македонија. Дали Заев очекува да скандираме “Северна Македонија” сега? Не, ние ќе скандираме #Нашето име е МАКЕДОНИЈА – додека гледаме како се затвара за предавство”, вели Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права.

SHARE