„Правната држава ќе ја обезбедиме со уцени и улични финти, со итно менување закони без јавност, со сечење и лепење на изборни единици според желбите на партиите и со горко чувство на пораз кај граѓаните дека никој, ниту еден политичар не мисли на државата Македонија, туку на моќта во Македонија и на Македонија како крава за молзење“, реагира на Фејсбук нопвинарката Жанета Трајковска по информациите дека бил прифатен условот на ДУИ за прекројување на Шестата изборна единица, за да гласаат за законот за јавно обвинителство.

„ Ништо од ова не е во ред.

Некои процеси не може да ги шверцувате под оправдување дека тоа е клучот за правна држава. Не смеете!
Кој ве лаже дека тоа е во ред не можам да сфатам, ама повеќе не сфаќам дека верувате оти сето ова ќе помине невидливо и без последици за вас и за сите нас.“, напиша Трајковска за Фејсбук.