Речиси секој втор Бугарин не се чувствува граѓанин на ЕУ

Одвај секој втор бугарски граѓанин, поточно само 52 проценти од околу 7 милиони Бугари, се чувствуваат себеси граѓани на Европска унија, покажува најновото истражување на Евробарометар.

Така не се чувствуваат 46 отсто Бугари, а два отсто анкетирани „не знаат“.

Според овој показател, Бугарија е убедливо на дното во Унијата со 28 членки, а најблиску до нив се соседите Грци и Италијанците со 57 отсто граѓани што се чувствуваат дел од ЕУ.

Од нив поголема припадност кон Унијата чувствуваат дури и Британците (58 проценти), кои наскоро треба да ја напуштат.

Чувство на припадност кон блокот имаат двајца од тројца Хрвати или 64 проценти, како и 77 отсто Словенци.

Осамена на врвот во овој поглед е Холандија со 92 отсто, пред Германија со 88 отсто, Шпанија со 87 отсто итн.

SHARE