Села бара странец за јавен обвинител

Алијансата за Албанците е децидна дека во Советот на јавни обвинители да не смее да има партиски членови, поранешни државни функционери кои биле членови на партија и Јавниот обвинител да биде експерт од странство.

Лидерот Зијадин Села вели дека имаат повеќе забелешки на предлог-законот за новото ЈО, кој денес влегува во собраниска процедура а за кои резерви имаат и Беса на Касами и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Законот кој се предлага има за цел да се амнестираат и да не се користат како материјални докази сите прислушувани разговори кои беа предмет на политичката криза. Ние како партија заинтересирана за вистински реформи сме во многу тешка ситуација. Не поддржувајќи го законот, амнестирани ќе останат корумпираните и оние што ја злоупотребиле службената положба, а гласајќи за ваков предлог закон ние пак ќе ги амнестираме сите, бидејќи законот важи отсега па натаму “– вели Села.

SHARE