Села е огорчен од СДСМ и бара одговорност за загрозувањето на животот на граѓаните

Алијанса за Албанците побара одговорност за предвремената кампања на коалицијата „Можеме“ на чело со СДСМ, со која, според партијата на Зијадин Села, се загрозени и животите на луѓето среде епидемијата од Ковид-19 во Македонија.

„Се чувствуваме огорчени од негрижата на тие кои се желни за власт. Ова неодговорно однесување на претставниците на коалицијата ‘Можеме‘ не смее да помине во тишина и без заслужената казна. Додека граѓаните ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, истиот за жал им се сервира од оваа коалиција како резултат на нивната неодговорност. Со оглед на тоа дека најголемата партија на оваа коалиција е во Владата, а таа е таа што одлучува за мерките и казните на граѓаните, сметаме дека е дискриминација кон граѓаните да го поминат овој скандал во тишина“, констатира АА.

„Треба да има одговорност затоа што животот на граѓаните е директно загрозен и второ заради кршење на Изборниот законик. Одговорните лица мора да се повикаат на морална одговорност и совест, додека коалицијата ‘Можеме‘ исто така мора јавно да се извини за неодговорното однесување и ризикот во кој ги изложи граѓаните“, се вели во соопштението на партијата на Села.

SHARE