Села ги повика Беса и Алтернатива во предизборна коалиција


Лидерот на Алијанса за Албанците јавно ги повика Движењето БЕСА и Алтернатива за предизборна коалиција. Во емисијата „Патот кон“ на Алсат М Зијадин Села ексклузивно побара Алијанса, БЕСА и Алтернатива да се обединат против ДУИ, ДПА и НДП, со цел формирање на два албански блока.

„ Алијанса за Албанците е заинтересирана за коалиција со Движењето Беса и Алтернатива заедно. Не, не е и ДПА. ДПА ќе му ја оставиме на Али. Бидејќи тој бара ние да се обединиме, нека се соедини и тој. Ние ќе работиме заедно со БЕСА и Алтернатива да се случи оваа коалиција. Во меѓувреме и Али кој постојано повикува да се обединиме, еве и тој нека ги земе Весел и Мендух и да направиме два политички блока“

SHARE