Првиот човек нма Алијансата на Албанците Зијадин Села вели дека пшостои феномен, самодекларативно Македонците да се пишуваат Албанци и да им го земаат работното место на Албанците.

„Тоа се случи пред неколку месеци во Скопје и излезе градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и рече – Јас не можам да мешам како се чувствуваат граѓаните. Тоа се случи пред неколку дека и во затворот во Тетово. Каде што тројца се вработени самодекларативно пишани Албанци“, вели Зијадин Села во неделното интервју за Радио слободна Европа и тврди дека лица се декларираат дека се чувствуваат Албанец или Турчин или Ром само за да им го заземе местото.

„Тоа значи дека уште не се стекнати условите за да ние имаме политички партии без етнички предзнак и тоа ќе се случи во моментот кога ќе ја спречиме дискриминацијата, експлоатацијата и кога ќе профункционира рамномерниот економски развој“ вели Села.

Тој уште додава дека „не можеме ние да зборуваме за проекти на иднината и политички ситуации на иднината кога Албанецот живее во услови на средниот век, живее како во петнаесетти век. Затоа сè додека манипулативно ја водат оваа работа македонските политички партии ние гласно ќе се спротивставиме“.

SHARE