Села: Не сме разочарани од ЕУ, Владата да даде оставка

„И ние како и граѓаните длабоко сме разочарани не од ЕУ туку од  внатрешните случувања и немањето капацитет на власта да направи реформи. Дојдоа на власт само со ветувањето дека преку правда ќе се гради мир. Ниту правда градевме, ниту мир“, изјви денеска лидерот на Алајансата на Албанците, Зијадин Села.

„Проблемот е што наместо да се соочи со корупцијата и криминалот владата стана дел од корупцијата. Владата наместо да ја избере правдата, прогресот, иднината како земја членка на ЕУ, одбра криминал.

Владата треба да плати цена за неуспехот. Цената е преку оставка и распишување на предвремени парламентарни избор“, рече Села.

SHARE