Села поставил услов за средба, Заев ќе го моли Ахмети

Предуслов за средба меѓу лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села и премиерот Заев е враќање на ингеренциите на градоначалникот на Гостивар Таравари.

Доколку министерството за образование не му ги врати надлежностите на Таравари до средба за заеднички претседателски кандидат може воопшто да не дојде, тврдат извори во Алијансата.

Веднаш откако Села упатил порака дека без ингеренциите на Таравари нема да седне да разговара, попладнево според партиски извори дошло до контакти меѓу соработници на Заев и министерот за образование за да се надмине проблемот во Гостивар и да се отворат преговорите со Села.

Партиски извори велат дека Заев требало да разговара и со лидерот на ДУИ Али Ахмети со цел тој да му наложи на министерот за образование Арбр Адеми да му ги врати ингеренциите на Таравари да именува директори на училишта.

Доколку утре наутро Адеми ги врати надлежностите на Таравари може во текот на денот да дојде до средба но без гаранции дека ќе се дојде до договор.

SHARE