Села вели дека без датум ќе има „пржинска влада“

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, во дебатниот магазин Click Plus на ТВ21, рече дека доколку Македонија не добие датум за почеток на преговори со ЕУ, ќе треба да се формира техничка Влада согласно Договорот од Пржино.

Села смета дека ако се случи тоа сценарио на пролет треба да се одржат вонредни парламентарни избори .

Вчера и лидерот на Движењето Беса, Билал Касами рече дека ако нема датум ќе има предвремени избори.

SHARE