Села: Време е Албанците да гласаат за претседател Албанец

Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, на вечерашниот митинг на претседателскиот кандидат Блерим Река во Дебар, рече дека македонските партии постојано биле помагани од, како што рече, „сервилни“ кои се во владите од 2002 година алудирајќи на партијата ДУИ.

„Тие во владата се од условени интереси, а на Албанците сега им требаат чисти Албанци…

Доста беше давање на поддршка на оние кои се во политиката од големи интереси за себе и при тоа се дел од услугите за УДБА, а во политика се за да избегнат проблеми со законот. Веруваме дека на 21 април конечно Албанците ќе гласаат за Албанец“ рече Села, пренесува Нова ТВ.