Села: Заев ќе ја отстранувал Ременски, а осомничениот Османи???

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села вели дека премиерот Зоран Заев е контрадикторен и ја замајува јаноста со најавата дека ќе ја отстрани Фросина Ременски поради сомневањата за „Рекет“.

А, Бујар Османи, осомничен во случајот „Пациент“ му е вицепремиер, забележа Села во гостување на ТВ 24.

„Османи е исто така осомничен, тој е во случај осомничен за корупција од 400.000 евра. Ова ми делува дека Заев со денешната најава за Ременски сака само да ја замајува јавноста.
Случајот Рекет има симболика. Не велам дека Османи е директно вмешан во овој рекет. Симболиката на Рекет е симболика на разочарување од нефункионирање на правниот систем. Според мои сознанија, СЈО и Катица Јанева го имаа заштитено Османи да не одговара за случајот „Пациент““, рече Села.

SHARE