Селекторот Ангеловски демантира физичка пресметка со Сејдини

Селекторот на фудбалската репрезентација демантира дека имал било каков инцидент со шефот на Фудбалската федерација на Македонија.

На прашање на sport1.mk Какви ви се односите со раководството на ФФМ? Еднаш рековте „јас го гледам мојот дел, тие својот. Јас одговарам за мојата работа, тие за својата“? Вистина ли е дека постои нетрпеливост веќе една година, почната од еден неуспешен обид да ве зменат после завршувањето на квалификациите? Во јавноста се шпекулира дека со Сејдини сте имале и физичка пресметка пред неколку месеци

Селекторот Ангеловски одговори:

Одговорив и претходно, а и демантирам дека со некого сум се пресметувал физички, особено па не со претседател на федерација. Немам јас нетрпеливост кон никого, не сум човек што мрази. Од друга страна, треба нив (ФФМ – н.з.) да ги прашате, зашто јас не можам во нивно име да одговарам. Јас сум сконцентриран на сѐ што се работи во и за А-тимот, а тие што ја водат ФФМ се задолжени за тоа што работи федерацијата. Во поглед на тоа што како А-тим требало да го добиеме од федерацијата, апсолутно – сме го добиле.

Целото интервју на sport1.mk со селекторот Анѓеловски можете да го прочитате ОВДЕ.

SHARE