Не може да се зборува за слобода на говор во ситуација кога Владата, на Макеронската радио телевизија ѝ скратила седум милиони евра, средства кои со закон следувале, вели новинарот и поранешен претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, вели дека .

Според него, како што рече во дебатниот магазин “Клик Плус“ , Владата тоа го направила затоа што на министерот не му се допаѓал директорот.

„Имаме јавен сервис на кој годинава му се скратени 7 милиони евра. Со закон му се дадени еден посто од буџетот, додека владата му дава 0,6 проценти. И сега ние зборуваме за слобода на говор.

И кога го прашуваме министерот зошто се скратени средтсвата, тој ни вели дека не ми се допаѓа директорот. И ова поминува. И ние имаме премиер што не му вели на тој министер, дојди ваму, од утре ти не си министер“, рече Селмани каско што пренесе Нетпрес.

SHARE