Со новиот закон за укинување на лустрацијата, Власта со двојни аршини ги третира жртвите на комунизмот и претпоставените жртви на процесот за лустрација, вели новинарот Насер Селмани според кој за последниве нема докази дека тие жртви, туку напротив, 90% од лустрираните не ни се пожалиле на одлуките на комисијата дека биле соработници на службите.

Во гостување на ТВ Шења Селмани вели дека не држат образложенијата за потребата за донесување закон за укинување на лустрацијата.

„Но има нешто што не оди, нешто што има двојни аршини. За луѓето кои се жртви од пред 90-та година, велат повелете има судови, нека се обратат до судовите и нека побараат правда.

Додека на овие кои ги „тероризирал“ ВМРО, ќе им донесеме закон и немаат потреба да бараат правда по судовите“.

Селмани вели дека од оние 180 лица кои се лустрирани, ниту 10% од нив не покренале судски процеси. Значи, другиот дел или ја прифатиле одлуката, или се помириле со одлуката и не се противеле. Што значи, на некој начин, го прифатиле овој факт како основан.

Затоа велам, додава Селмани, дека поради двајца, тројца или пет лица кои не се сметаат за соработници на тој режим, кои побарале правда и ја добиле, не можете да ги обесштетите и тие кои или не покренале процедура за жалба и не се спротиставиле на ова одлука.

SHARE