Сенатор од САД бара Ципрас да го признае Гваидо во Венецуела

По американскиот републиканец, Мајк Билиракис, сега и сенаторот Боб Менендез ,висок претставник на демокртатите во Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, бара Алексис Ципрас да го смени ставот кон Венецуела.

Сенаторот му испратил писмо на грчкиот премиер со кое го повика да го признае Хуан Гваидо за привремен претседател на таа латино-американска земја, дознава „Катимерини“.

Вчера и шефот на конзервативната европска народна партија Манфред Вебер, „го искара“ Алексис Ципрас за поддршката на Николас Мадуро.

„Грчката Влада на чело со Ципрас мора да одговори на прашањето зошто ги блокира иницијативите на европско ниво за поддршка на силите во Венецуела, кои се борат за демократска Венецуела“ истакна Вебер кој нафрли дека грчката влада има „повеќе контакти со Владимир Путин и со Мадуро, отколку со слободниот свет на демократските земји“.