Сенатор од САД блокирал резолуција за проширување на НАТО, Македонија збунета

Американскиот сенатор Ренд Пол инаку член на владеачката конзервативна Републиканска партија блокирал резолуција на Сенатот на САД со која се повикува на проширување на НАТО.

За Македонија е шокантно што Пол вели дека со блокадата тој му дава поддршка на претседателот Трамп кој утре на самитот на НАТО треба да даде зелено светло за покана за Македонија.

“Зошто Сенатот на САД притиска за проширување на НАТО кога најголем дел од нив дури не го ни плаќаат фер својот дел. Го поддржувам Доналд Трамп. Денеска ја блокирав резолуцијата која ја поздравува и повикува на експанзија на НАТО”, порачува Пол.

Сенаторот блокадата ја предизвикал како член на моќната комисија за надворешна политика на Сенатот.

(ФОТО)

Пол во април гласаше за изборот на Мајк Помпео како државен секретар на САД иако предходно рече дека нема да гласа за него поради неговите радикални политички ставови.

Кога во јуни 2017 година Сенатот на САД договори наметнување санкции за Русија единствени против беа Пол и Берни Сандерс пк што двајцата беа прогласени за руски агенти.