Сестрите и лаборантите бараат 500 евра основица или лекарите да си носат ,,гуски” за пациентите

Средно медицинскиот кадар е незадоволен од тоа што сите зборуваат за лекарите и специјалистите а никој не гледа во какви услови работат и колкави плати земаат, медицинските сестри, болничар(к)ите, лаборантите и друг кадар без високо образование.

Ако наскоро основицата на плата не биде 32 илјади денари или над 500 евра за оваа категорија медицински кадар лекарите да си носат “гуски” ако сакаат да ја завршат работата, порачува претседателот на здружението на медицински лаборанти при Клиничкиот центар во Скопје Ивица Апостолов.

“Прочитав некаде дека германскиот министер за здравство побарал од нашата делегација 50.000 медицински сестри!?!

Од друга страна денес Самостојниот Синдикат на клиничкиот центар и Лекарската комора побараа унапредување на правата на лекарите т.е. докторите на медицина во јавното здравје и тоа со дефинирање на основна плата од 1.000€!

Фино е тоа, супер…ама никој не спомна ништо друго, божем само лекари работат во јавно здравство!

Ако во најскоро време основната плата на како што милуваат некои да го наречат “средно медицинскиот кадар” не биде 32.000 денари, тогаш дечки-доктори ќе си носите сами лопати и гуски!!!”, пишува Апостолов.

SHARE