Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Грузија, Давид Залкалиани денеска во Минхен потпишаа Протоколот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

На средбата на маргините на Минхенската безбедносна конференција, двајцата министри изразија очекување дека овој чин претставува вовед во отворање на ново поглавје во билатералните односи, интензивирање на политичкиот дијалог и продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес.

SHARE