Шарен револуционер: Или метла да заигра или мачкајте не вазелин да го кркаме стапот полезет

Еден од најголемите поддржувачи на Владата на Заев и член на Шарената револуција, копирајтерот Јане Ѓорѓиоски со интересен услов до власта.

Незадоволен од градежната мафија во Струга и Охрид каде градоначалник и советник и ДУИ градат без дозвола, тој бара смени во инспекторатите задолжени да внесат ред во урбанистичкиот хаос.

Во спротивно Ѓорѓиоски бара владата да ги премачка со вазелин сите за да можат полесно да го примат стапот од најавената “метла” што ја вети Заев а се уште не ја исполнува.

“Или метлата ќе заигра кај градежните инспекторати на секое ниво, или премачкајте нѐ со вазелин сите нас за полезет да го кркаме стапот од метлата, оти вака фино како што ни се изживува Мерко и неговиот пајташ советник од Охрид, боли”, пишува Ѓорѓиоски на Фејсбук користејќи го хаштагот #фмп.

SHARE