„Шарена револуција“ дозволена во Македонија, но не и во Грција

За разлика од Македонија, каде што пред три години учесници во т.н. Шарена револуција фрлаа боја врз државни објекти и споменици непречени од полицијата, во Грција за ист чин спротивна реакција.

Атинскиот обвинител поднесе кривични пријави против сторителите на вандалскиот напад врз Парламентот поради „обезличување историски споменик“, што е кривично дело.

Властите досега уапсија 36-годишен маж осомничен за нападот што го извршија членовите на антивладината група „Рувиконас“, која соопшти дека бојадисувањето на Парламентот бил знак на солидарност со Димитрис Куфодинас, осуден напаѓач на „17 ноември“. Тој трета недела штрајкува со глад во знак на протест поради одбивањето на властите да му дадат отпуст.

Фрлањето боја врз Парламентот беше последниот во серијата акти на вандализам и протести од анархистите во одбрана на 61-годишниот терорист што напаѓаше банки, седишта на политички партии, како и централната шопинг зона во главниот град.

SHARE