Шефот на бугарскиот дел од Мешовитата комисија со Македонија предложен за орден

Владата на Бојко Борисов му предложи на претседателот Румен Радев да му додели орден „Стара Планина“ на копретседателот на Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски и за образовни прашања, Ангел Димитров.

Во образложението на предлогот се наведува дека историчарот и прв бугарски амбасадор во Македонија „има заслуги за развојот на односите на Бугарија со државите од Западен Балкан и придонес за заштитата на бугарските национални интереси“.

SHARE