Шефот на дипломатијата повикан на “распит” за датумот во Собранието

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во текот на следната недела ќе се обрати во македонското Собрание, најави шефот на Собраниската комисија за надворешни работи Антонио Милошоски.

“Согласно чл.6 од Законот за надворешни работи министерот за надворешни работи има обврска да се обрати пред Комисијата за надворешна политика во Собранието најмалку два пати во годината.

После Бриселскиот неуспех за добивање на датумот, кој Димитров и Заев го прославија уште лани, македонските граѓани и нивните претставници во Собранието имаат право да ги чујат објаснувањата на министерот, а тој има обврска да го испочитува Законот.

За ова обраќање на Димитров во Собранието очекувам голем интерес и кај пратениците и кај јавноста. А после тоа веројатно и уште една интерпелација за МНР Димитров”, пишува Милошоски.