Реисот на ИВЗ Реџепи стана државјанин на Албанија

Првиот човек на Исламската верска заедница Реисот Сулејман Реџепи изрази благодарност на албанската држава затоа што му го остварила долгогодишниот сон и му издала албански пасош.

“Албанските власти, со посветеност и потпишување од Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, денеска официјално го издадоа мојот албански пасош.

Особено имам чест и сум задоволен што тоа се случи со поддршка на претседателот Илир Мета, човекот кој се грижи за Албанците каде и да се. Одговорните власти на албанската држава ми дадоа албански пасош за кој мислам дека е од голема вредност , без разлика дали е симболична или практична. Овој пасош е моја радост и остварување на долгогодишна желба, бидејќи со тоа се чувствувам поконкретно дел од мојата мајка држава. Бог да го благослови претседателот Мета, Бог да ја благослови Албанија”, вели Реисот за својот нов пасош и новото државјанатво.

Според албанскиот закон за државјанство пасош најчесто може да се издаде на луѓе кои водат потекло од Албанија или се потомци на албански државјани но Реџепи најверојатно државјанството го стекнал преку правото на претседателот да издаде пасош на луѓе важни за националните интереси на Албанија.

Најпознати Албанци во регионот кои ја искористиле оваа можност се лидерот Албин Курти и 6 членови на косовското движење Самоопределување кои добија пасоши на оваа основа.

SHARE