Шефот на Регулаторната комисија за енергетика лобира да му се плати на „Макпетрол“

Откако СДСМ и ДУИ не успеаја со закон преку Собранието да платат 33 милиони евра за ГАМА на Макпетрол во лобирањето за приватната компанија се вклучи првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика која според законот како и нејзиниот шеф треба да биде независна.

Според изјавата на шефот на РКЕ Бислимовски која ја пренесуваат медиумите: “Ако сакаме гас во домовите, државата треба да управува со ГАМА”, односно дека Владата треба да и плати 33 милиони евра на Макпетрол.

Откако Собранието не успеа да ја заврши работата што треба да ја потпише владата Бислимовски вели дека ако сакаме да има гас до сите домови државата мора да управува со ГАМА но тој не укажува дека може да дојде до корекција на сумата која треба да се исплати.

Според Бислимоски сега имаме состојба кога гасот што стига од Русија минува низ гасоводниот прстен со кој управува Макпетрол и државата што тој го споредува со обиколница каде патарината ја определува и приватно претпријатие.

Бислимовски вели дека ако патарината е во сопственост само на државата може да одлучи и да нема патарина за возилата од нејзиниот град туку само за транзитните.

Бислимоски наведува дека секретаријатот на Енергетската заедница дал зелено светло затоа што со преминување на ГАМА во целосна државна сопственост ќе бидат исполнети европските критериуми од третиот енергетски пакет.

Пред три месеци Бислимовски беше во фокусот на јавноста откако комисијата што ја води ја зголеми цената на струјата иако реално освен политички злоупотреби на енергетскиот систем немаше пазарни причини за зголемена цена.

SHARE