Шекеринска ѝ честита на „Армијата“ за придонесот во справувањето со „памдемијата“

Министерката за одбрана од касарната во Кичево им упати честитки на припадниците на Армијата, без да прецизира која, за придонесот во борбата со „памдемијата“.

„Која е таа безимена армија, кои се тие војници без името на својата земја?“, „Со чија армија си денес? На ‘вашата земја’?“, „Се срамевте да ја интонирате македонската химна кога ви дојдоа господарите од нашиот јужен сосед, така ли прават и другите армии на НАТО? Се пишува ‘пандемија’, а не ‘паМдемија’“, се дел од коментарите под објавата на вицепремиерката на Твитер.

SHARE