Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ризикува реакција од Грција за прекршување на Преспански договор со пораката на Твитер во која агитира за кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Да застанеме заедно за Македонија“ е натписот во фотографијата со Пендаровски од кампањата за претходните претседателски избори, во кои тогашниот и сегашен кандидат на СДСМ во вториот круг беше поразен од тогашниот и сегашен македонски претседател Ѓорге Иванов со 534.910 гласа наспроти 398.076.

Во својата порака над фотографијата, пак, вицепремиерката го употребува новото државно име.

„Стево Пендаровски ја заслужи нашата обединета поддршка! Тој ќе биде нашиот натпартиски, европски претседател на сите граѓани на Република Северна Македонија! Сите заедно стоиме зад него!“, твитна Шекеринска.

SHARE

2 Коментари

  1. Радмила сите во Црна Гора Ти се смеат тебе и Заев како епохално и театрлно пониживте и посрамивте Македонија и Македонците и не им е јасно како такви бесрамни луѓе постојат на ова планета Земја, еве прочитај, види и коментарите под текстот: https://expres.mk/opozicijata-vo-crna-gora-protiv-vlezot-na-makedonija-vo-nato-i-nejzinata-marionetska-vlast/#comment-10606

Comments are closed.