Иако „Република Северна Македонија“ официјално постои од 12 февруари 2019 година, потпретседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска од Охрид честита 27. роденден на „Армија на Република Северна Македонија“.

Всушност, така пишува на банерот зад говорницата од која се обрати Шекеринска, која на социјалните мрежи ја користи формулацијата „нашата армија“.

„Да ни е честит 27-от роденден на нашата Армија! Ова е нашата година на успех. Година во која се заокружува најважната етапа од нашиот пат кон НАТО“, напиша заменичката на Зоран Заев и во владеачката партија СДСМ.

SHARE